

Green & Gill's - it heals!



ДООЕЛ „G&G“ (Green & Gills) Струмица е претпријатие кое ќе се занимава со органско производство на зеленчук и овошје. Нашите производи се направени од органски состојки одгледувани без пестициди, а со помош на живи суштества - риби. Нашата цел е унапредување на здравјето преку органско земјоделство како водечка организација за одржливо здравје. Нашата страст за органско овошје и зеленчук не тера да им обезбедиме на нашите клиенти најсвежи и највкусни органски производи на пазарот. А ние сме посветени да работиме на нашиот бизнис на начин кој е повеќе одржлив, што подразбира животната средина и здравјето и благосостојбата на луѓето кои се вклучени во сите аспекти на нашиот бизнис и заедници. Придобивките од органските производи се огромни. Компанијата ќе се труди да остане верна на своите оригинални вредности на етички тргување и органски производи. Во прилог на продажба на квалитетот на органската храна, мисијата на соработка е да се поттикне земјоделството во иднина која ја нагласува еколошката и економската одржливост.
ЗДРАВЈЕТО ИМА НОВО ИМЕ!

Изобилува со витамини А, Ц, Е и фолна киселина, каротин, витамин Б1. Покрај витамините, во него се среќаваат и значајни количества на манган, железо и бакар. Освен тоа, доматот е одличен извор на калиум. Кората на доматот е богата со биофлавинол. Конзумирањето на домати го намалува ризикот од тумор, кардиоваскуларни заболувања, астма и хронични болести на белите дробови.

Кората на краставицата содржи силициум диоксид, магнезиум и калиум. Тие, заедно со натриумот помагаат за регулирање на крвниот притисок. Содржината на витамини A, Б и Ц во краставицата помага за одржување на здрава и нежна кожа. Богата е со силициум и сулфур, природни соли. Високата содржина на минерали ја претвора во природен извор на антиоксиданси.

Брокулата е зелен зеленчук кој ретко е застапен во нашата исхрана и преставува права ризница на корисни нутиритенти, кои се многу значајни за одржувањето на здравјето на човекот. Таа содржи големи количества на витамини А, Ц и Е, минерали: калциум,магнезиум,железо, бетакаротен, фолна киселина и многу други корисни состојки

Карфиолот е интересно растение бидејќи има голема хранлива, а мала калориска вредност. 100 грама карфиол содржи само 25 калории што јасно го става карфиолот во ниско калорични растенија.Карфиолот исто така е одличен извор на Витамин Ц и фолна киселина. Карфиолот е одличен бидејќи има идеален нутритивен статус, го збогатува ораганизмот со многу есенцијални материи, му помага на имунитетот и ја подобрува крвната слика, а се верува дека е добар и корисен и против најопасните заболувања.

Јагодата содржи големо количество витамин Ц и железо, високо ниво на антиоксиданси. Го штитат телото од болести и го успоруваат процесот на стареење. Го регулираат нивото на шеќер во крвта; ги намалуваат воспалението и болката, помагаат во контролирањето на срцевите заболувања; ги негуваат коските и зглобовите.

Овие малечки плодови го содржат досега најмоќниот откриен природен антиоксиданс - ликопен, кој ја подобрува способноста на кожата да се заштити од штетните УВ зраци и е силна заштита против невродегенеративните болести. Нивното конзумирање го намалува ризикот од појава на рак на дојка, на дебело црево, простата, ендометриоза, бели дробови и панкреас. Влијае врз намалувањето на лошиот холестерол во крвта.