top of page

Добредојдовте на првата веб страна во Р. Македонија чија цел е да ве информираме, едуцираме и советуваме за нашите производи од аквапоник системот.

Посакувате здрав живот! Не знаете како?

Здравјето има ново име: Green & Gills, а нашите производи го потврдуваат равенството: аквапоник = еко. Гледајќи ја денешната состојба се прашуваме како да си осигураме храна за иднината во светот во кој има се помалку природни ресурси. Аквапонија - аквариум од кој расте органска храна, тоа е нашето решение кое ќе потврди дека навистина водата како елемент е животодавна! Тоа е единствена метода која на интелегентен и еколошки прифатлив начин го обединува одгледувањето на растенија и риби кои не бараат земја како подлога, туку ги користат сопствените биолошки функции. Принцип на здравјето и грижата - гарантира здрав производ со подобар вкус и високо количество витамини, минерали, антиоксиданси; Принцип на екологија и правичност - гарантира уникатен еколошки процес (не користи генетска технологија), без испуштање штетен отпад во животната средина и помала потрошувачка на вода. Направете го вистинскиот избор: Одберете аквапоник храна ако сакате здравје без мана!
ШТО Е ОРГАНСКО ПРОИЗВОДСТВО?

Најдобро може да се дефинира преку неговата цел, а тоа е производство на здравствено безбедна, квалитетна храна на еколошки одржлив начин. Колку за споредба, аквапонијата во однос на конвенционалниот метод на одгледувањето на рибите, користи 90% помалку свежа вода и бара многу помалку хранливи состојки за иста количина на риби. Исто така и овошјето и зеленчукот можат ефиксно да се одгледуваат, без потреба за пестициди и други хемикалии, за кои се знае дека ја уништуваат околината и човековото здравје кои се користат во конвенционалното земјоделие.
САКАТЕ ХРАНА БЕЗ МААНА?
Принцип на здравјето и грижата - гарантира здрав производ со подобар вкус и високо количество витамини, минерали, антиоксиданси; Принцип на екологија и правичност - гарантира уникатен еколошки процес (не користи генетска технологија), без испуштање штетен отпад во животната средина и помала потрошувачка на вода. Направете го вистинскиот избор: Одберете аквапоник храна ако сакате здравје без мана!
bottom of page